Oбука за корисници во рамки на Програмата на UNIDO за изградба на капацитети за Оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO)

Event's Image

14

ное 14–16, 2017

Локација:

Скопје

Место:

Skopje

Организатор:

РЕЦ Македонија


Поврзани документи


Во периодот од 14 – 16 ноември, 2017 година во Хотел „Порта“, Скопје, се одржува првата обука за корисници во рамки на Програмата на UNIDO за изградба на капацитети за Оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO). Оваа обука е дел од активностите за развој на пазарот на индустриската енергетска ефикасност на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија” имплементиран од страна на UNIDO и заеднички извршуван со Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и Македонската банка за поддршка на развојот.

Проектот има за цел да ја намали емисијата на стакленички гасови преку забрзување на трансформацијата на македонскиот пазар за енергетска ефикасност во индустријата (IEE) и поттикнување на: зголемената употреба и побарувачка на најдобрите практики и технологии за IEE,  понудата на соодветни услуги за консалтинг и инвестиции, како и поддршка на рамковната политика за IEE. Обуката за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата, ја води Том Таранто, водечки меѓународен UNIDO експерт за CASO.

Предавачи на обуката се меѓународните експерти за компримиран воздух, Г-дин Том Таранто и и Г-дин Алберт Едвард Вилијамс, придружувани од националниот консултант за компримиран воздух Г-дин Горан Танчевски.

На обуката за корисници присуствуваат околу 40 претставници од индустријата во Република Македонија, кои во рамки на своите процеси и технологии користат компримиран воздух.