Обука за поттикнување локални иницијативи за примена на одржливи решенија за унапредување на руралните и природни подрачја

Event's Image

26

окт 26–27, 2017

Локација:

Отешево

Организатор:

Регионален центар за животна средина


2017-10-26 2017-10-27 Europe/Budapest Обука за поттикнување локални иницијативи за примена на одржливи решенија за унапредување на руралните и природни подрачја Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија од 26-27 октомври 2017 год. во Хотел “Lake View“, Отешево, организира обука под наслов: „Обука за поттикнување локални иницијативи за примена на одржливи решенија за унапредување на руралните и природни подрачја“, што се реализира во рамки на проектот: “Одржливо управување со природни ресурси во руралните средини на РМ“, со финансиска поддршка на US Forest Service. Целта на обуката е да се нагласи значењето и потребата од градење на капацитети на локалните заедници во насока кон: решавање на проблемите со коишто се соочува локалната заедница и надминување на неповолни состојби што влијаат врз здравјето и благосостојбата на жителите реализација на акции кои придонесуваат за напредок во социјална, еколошка и економска смисла. Преку примерите на добра пракса во регионот и пошироко, учесниците поблиску ќе се запознаат со потенцијалните бизнис можности за локалните заедници преку инвестирање во зачувување на природата и одржливо искористување на природните ресурси, а ќе им бидат претставени и активности за мониторинг на природата, преку кои може да станат активен учесник во идентификувањето на убавини и недостатоци во својата непосредна околина, на тој начин придонесувајќи за утврдување на статусот со природата што сакаат да го одржат или подобрат. Крајната цел во реализацијата на оваа обука е да се креира Платформа за техничка поддршка на недоволно развиените рурални и природни подрачја, којашто ќе има за цел да помогне во напорите за обезбедување база на можности за просперитет на локално ниво.      Отешево Регионален центар за животна средина no-reply@rec.org

Поврзани документи


Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија од 26-27 октомври 2017 год. во Хотел “Lake View“, Отешево, организира обука под наслов: „Обука за поттикнување локални иницијативи за примена на одржливи решенија за унапредување на руралните и природни подрачја“, што се реализира во рамки на проектот: “Одржливо управување со природни ресурси во руралните средини на РМ“, со финансиска поддршка на US Forest Service.

Целта на обуката е да се нагласи значењето и потребата од градење на капацитети на локалните заедници во насока кон:

  • решавање на проблемите со коишто се соочува локалната заедница и надминување на неповолни состојби што влијаат врз здравјето и благосостојбата на жителите
  • реализација на акции кои придонесуваат за напредок во социјална, еколошка и економска смисла.

Преку примерите на добра пракса во регионот и пошироко, учесниците поблиску ќе се запознаат со потенцијалните бизнис можности за локалните заедници преку инвестирање во зачувување на природата и одржливо искористување на природните ресурси, а ќе им бидат претставени и активности за мониторинг на природата, преку кои може да станат активен учесник во идентификувањето на убавини и недостатоци во својата непосредна околина, на тој начин придонесувајќи за утврдување на статусот со природата што сакаат да го одржат или подобрат.

Крајната цел во реализацијата на оваа обука е да се креира Платформа за техничка поддршка на недоволно развиените рурални и природни подрачја, којашто ќе има за цел да помогне во напорите за обезбедување база на можности за просперитет на локално ниво.