Управување со водни ресурси

Управување со водни ресурси

Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) постојано изнаоѓа иновативни начини да го насочи вниманието кон прашањата поврзани со водите, опфаќајќи широк избор на проблеми на општествените чинители, а кои се од интерес за социо-економски развој и заштита на животната средина. Работата на РЕЦ во ова поле на експертиза, имплементирана во смисла на пристап со интегрирано управување со водни ресурси (Integrated water resources management – IWRM), придонесува да се постигне Целта за одржлив развој за чиста вода и санитарни услови (Sustainable Development Goal on water and sanitation - SDG 6) и нејзините цели.

Целите на РЕЦ во рамки на оваа област на експертиза се:

  • Да се постигне што поодржлива употреба на водни ресурси, земајќи ја во предвид заштитата на водните екосистеми;
  • Да се зајакне дијалогот и соработката помеѓу поголемиот број на општествени чинители на меѓународно, национално и/или локално ниво;
  • Да се воведе интегриран пристап за адаптација кон предизвиците направени или засилени со климатските промени, вклучувајќи и мерки за да се насочи адаптацијата во секторските политики; и
  • Да се зајакне вградувањето на принципите за интегрирано управување со водни ресурси во другите сектори, како земјоделство, енергија, транспорт и туризам.

Чистата вода и санитарни услови се суштината на одржливиот развој. РЕЦ се фокусира на сите аспекти за управување со водни ресурси преку обезбедување на иницијативи за изградба на капацитети, неутрални платформи за прекугранична соработка, и конкретни технички услуги кон постигнувањето на SDG 6. Овластените органи и експертите за вода, како и граѓанските здруженија (CSOs), невладините организации (NGOs), жени и млади луѓе, се приоритет при имплементацијата на активностите.

РЕЦ обезбедува лидерство, управување и координација на програмите и проекти за вода, вклучувајќи и активности на комуникација и пристап кон медиумите.

Иницијативи за изградба на капацитети

  • Интегрирано управување со водни ресурси
  • Контрола на водата
  • Пристап до информации и учество на јавноста
  • Подобрување на општото разбирање и зголемување на свесноста за проблемите со водата кај различните чинители.

Прекугранична соработка

  • Поддршка за меѓународна соработка и учество на општествените чинители, вклучувајќи ги и законските и институционални аспекти
  • Проценка и правење на приоритети од позначајните проблеми во врска со управувањето со водните текови кои се поделени помеѓу две или повеќе земји
  • Координација на активностите помеѓу регионалните и национални служби
  • Размена на добри практики и пренос на знаење.

Технички услуги

  • Развој и имплементација на политиките за вода на ЕУ
  • Воведување на мерки за олеснување на адаптацијата кон влијанијата на климатските промени
  • Зајакнување на мониторингот и проценка на животната средина во однос на водните ресурси и водните екосистеми
  • Управување со побарувачката на вода и други конвенционални и неконвенционални алатки за употреба и безбедност на вода
  • Намалување на ризикот од несреќи заради екстремни водни непогоди, како поплави и суши.