Паметни градови и одржлива урбана мобилност

Паметни градови и одржлива урбана мобилност

Во рамки на овој дел од експертизата, Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) промовира управување преку одржливост и ја олеснува транзицијата кон зелена економија со особено внимание на паметните градови и мобилноста, преку обезбедување на висококвалитетни услуги за информирање и производи кои се поврзани со одржливата урбана мобилност и паметните градови. Исто така, тука е опфатено искуството со товарни возила и зелена логистика, со особено внимание во областа на интелигентните меѓуевропски мрежи за транспорт. 

Во однос на одржливата урбана мобилност, ја поддржуваме иницијативата ЦИВИТАС на Европската Комисија (CIVITAS Initiative) и кампањата EUROPEANMOBILITYWEEK, придонесувајќи кон планирањето на урбаната мобилност и патувањата до работните места, и кон употребата на чисти горива и возила. Нашето искуство е поврзано со паметни градски центри кои споделуваат возила и велосипеди, меѓуградски пофрекфентни транспортни јазли и услуги од јавен транспорт, размена на знаење, социјални платформи за иновации, дури и паметни алатки за греење и ладење со ниска емисија на јаглеродни гасови. Овие активности се превземаат со намера да се подобри ефикасноста на транспортот, да се намалат емисиите на CO2 , да се намали гужвата во сообраќајот, зголеми нивото на безбедност и сигурност на нашите патишта и да се подобри социјалната интеграција и еднаквоста — имајќи ја на ум секогаш интеракцијата со граѓаните.

Обезбедување на информации за животна средина е белег на РЕЦ уште од нејзиното основање. Вообичаено ова вклучува објавување на билтени; одржување на платформи за размена на знаење; и обезбедување на посебни ресурси врз основа на проект (добри практични водичи, преведени материјали, семинари за размена на искуства, веб портали, wiki бази на податоци и ПР кампањи). Добропознати ни се физибилити студиите, анализите на потребите на корисниците и анкети во многукратни земји, кои може да бидат таргетирани кон различни видови на публика и тематски проблеми (на пр. енергија, транспорт и паметни градови) и кои, за возврат, се употребуваат за да се зголеми свесноста. Ова искуство го заокружуваме со наши сопствени иновации, каде е вклучена и паметната онлајн платформа за споделување на патувања (ride-sharing platform) која им овозможува на вработените на РЕЦ да си резервираат патување до и од работа и да ги пресметаат трошоците за животната средина, како и финансиските и здравствени трошоци на нивното патување; и методологијата за брза проценка на климатски ризици низ транспортните коридори.

Информации за проекти избрани и имплементирани од страна на РЕЦ во делот на Паметни градови и Одржлива урбана мобилност може да видите тука