Природни ресурси

Природни ресурси

Во рамки на оваа област на експертиза, Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) ги решава предизвиците поврзани со негативните влијанија на животната средина направени преку употребата на природните ресурси; зголемените трошоци за основните суровини и минерали, нивниот недостиг и нестабилност на цени; и зависноста на ЕУ од ресурси. Поддршка се обезбедува за развој на националните стратегии за ефикасност на ресурси. Вниманието е насочено на ефикасност на материјалите, набавката на суровини, замена, нови материјали, секундарни суровини, отпадот како ресурс, ефикасност во употребата на земјата и почвата, употреба на водата како ресурс, и секундарната употреба на биомаса. РЕЦ има длабоки и широки познавања во полето на отпад и циркуларна економија. Помош се обезбедува за Европските земји за да се отвори потенцијалот на пакетот за циркуларна економија на ЕУ. РЕЦ има долга историја на обезбедување на поддршка за Европската Комисија во однос на законодавството за квалитет на воздух и индустриски емисии. Во согласност со својата долгорочна обврзаност кон заштита на биодиверзитетот, РЕЦ истотака придонесува кон оформување и имплементација на локалната, национална и соодветна меѓународна регулатива за зачувување на природата. Особен акцент е ставен на активностите кои го поддржуваат развојот на руралните зони на начин кој е добар и за човековата популација и за природата, како што се брендирање на проекти и изградба на капацитети за локалните општествени чинители во полето на одржливо земјоделство и туризам.

Главните цели поврзани со употребата на одржливи ресурси се:

  • Промовирање на имплементацијата на Трасата на ЕУ кон Европа со ефикасни ресурси во Централна и Источна Европа, пакетот циркуларна економија на ЕУ и соодветното законодавство;
  • Поттикнување на примената на стратешки пристап и процеси со цел на употребување одржливи ресурси;
  • Помош за компаниите во подобрувањето на нивната материјална ефикасност;
  • Зајакнување на знаењето за употребата на европските ресурси и нивните негативни влијанија врз животната средина и значењето; и
  • Поддршка за проценката на имплементацијата, прегледот и понатамошен развој на законодавство во врска со квалитетот на воздух и индустриски емисии.

Клучни цели поврзани со биодиверзитет и зачувување на природата се:

  • Промовирање на интеграцијата на прашањата околу биодиверзитетот и  одржливата употреба во образованието и руралниот развој и на национално и на меѓународно ниво;
  • Пренесување на искуствата од терен во новите европски политики и законодавство за биодиверзитет;
  • Зајакнување на знаењата на засегнатите општествени чинители за услугите од зелената инфраструктура и екосистем;
  • Проширување на локалната поддршка заради назначување и соодветно управување со новите заштитени територии или зони преку промоција на брендот на РЕЦ "Образование за Natura 2000";
  • Зајакнување на улогата на руралните заедници во управувањето на зоните богати со биодиверзитет, вклучувајќи ги и заштитените зони и локации на Natura 2000; и
  • Зајакнување на соработката и размената на знаења помеѓу регионалните канцеларии на РЕЦ околу прашања повразани со биодиверзитет.

Активностите во овој дел на експертиза се насочени кон следните главни тематски области:

  • Ефикасност на ресурси;
  • Отпад и циркуларна економија;
  • Квалитет на воздух и индустриски емисии;
  • Еко-иновации;
  • Биодиверзитет;
  • Зелена инфраструктура;
  • Екосистемски услуги;
  • Одржливо земјоделство; и
  • Одржлив туризам.