Закон за животна средина, политика и инструменти

Закон за животна средина, политика и инструменти

Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) овозможува законска експертиза и техничка помош за развој, имплементација и примена на законодавството за животна средина на национално, европско и меѓународно ниво. Исто така, го поддржуваме развојот на локалните политики за животна средина, водени од принципите на добро управување користејќи учесничко планирање и донесување на одлуки врз основа на консензус, со тоа осигурувајќи ја транспарентноста и одговорноста на локалните влади.

Следејќи ја долгорочната обврска кон реформа на законот за животна средина во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Југоисточна Европа (ЈИЕ), РЕЦ ги олеснува процесите за пристап и придружување кон ЕУ преку поддршка на транспонирањето и имплементацијата на корпусот на законодавство на ЕУ за животна средина, промовирање на стапувањето во мултилатерални договори за животна средина, и зајакнување на регионалната соработка и вмрежување. Особен акцент се дава на подобрувањето на ефикасноста на извршните служби во врска со усогласеноста со законодавството за животна средина и борбата против криминал во животната средина.

Анализата на различни делови на политиката за животна средина, со особен фокус на улогата на финансиските инструменти и интеграцијата на проблемите од животната средина во Структурните фондови на ЕУ на ниво на планирање и имплементација на проекти, е важен и добро препознаен аспект од работата на РЕЦ. РЕЦ исто така придонесува кон политиката на учење низ ЕУ и извлекување на корист од праксите помеѓу регионалните општествени чинители со цел да се зајакнат регионалните политики на ЕУ во полето на животна средина и ефикасност на ресурси. 

Главните цели на РЕЦ во овој дел од експертизата се:

  • Поддршка на ефикасниот развој на сеопфатните законодавни рамки во согласност со корпусот на законодавство на ЕУ за животна средина преку примена на регионален стратешки пристап кој поттикнува дијалог и соработка, споделување на резултати и решенија, и заедничка имплементација на активности;
  • Поддршка на развојот на локалните политики за животна средина во согласност со стандардите на ЕУ и принципите на одржлив развој;
  • Поддршка на имплементацијата  на мултилатерални договори за животна средина;
  • Зголемување на ефикасноста на извршните служби, инспекторати, судството, полицијата и други засегнати органи во однос  на усогласеноста со законодавството за животна средина;
  • Подобрување на размената на искуства и знаење со земјите членки на ЕУ преку посилна соработка со мрежите за извршување, како и преку обука и програми за размена;
  • Зајакнување на регионалното и меѓународно вмрежување помеѓу инспекторите за животна средина, пишувачите на дозволи, судиите, обвинителите и полицијата преку формирање и одржување на регионални мрежи за борба против посебните криминали во полето на животната средина;
  • Поддршка за подобра интеграција  на прашањата за животната средина во структурните и фондовите за кохезија на ЕУ, регионалните инструменти за политика, развојни програми, и финансиски инструменти на меѓународни финансиски институции;
  • Придонес кон политиката и секторските разговори околу аспекти на зелената економија, особено улогата на финансиските инструменти, но и зазеленување на сектори како вода и отпад;
  • Понатамошна поддршка на стратешкото планирање на инвестиции во животната средина во ЈИЕ и отворање кон земјите од Источното партнерство (Eastern Partnership countries);
  • Обезбедување на совети и поддршка за регионалните креатори на политиките на ЕУ, особено во однос на програмите за инвестиции за пораст и работа; 
  • Обезбедување на помош во реформата на образовната политика преку едукација за одржлив развој; и
  • Поддршка на имплементацијата на Стратегијата 2020 на Југоисточна Европа (South East Europe 2020 Strategy) преку овозможување на паметен, одржлив и широк пораст преку висикоквалитетно образование.

Во рамки на овој дел од експертизата, активностите и услугите на РЕЦ вклучуваат:

  • Учество во развојот на европската Политика за животна средина и здравје, со особен акцент на Стратегијата за животна средина и здравје на ЕУ и потребите на земјите од ЈИЕ и EECCA регионот;
  • Имплементација на CEHAPE, обезбедување на платформа за размена на информации и добра пракса помеѓу европските земји и региони, и придонес особено кон имплементацијата на Регионалната Приоритетна Цел 3 на CEHAPE за превенција и намалување на респираторни болести;
  • Постојана проценка на обврската кон Декларациите од Будимпешта, Парма и Острава;
  • Имплементација на Пан-европската Програма за Транспорт, здравје и животна средина (Transport, Health and Environment Pan-European Programme - PEP) преку обезбедување на координација, следење на напредокот и преземање соодветни активности во училиштата во регионот;
  • Преземање активности за климатски промени–поврзани со екстремните временски непогоди кои побаруваат проактивен и мултидисциплинарен пристап во однос на човековото здравје;
  • Оформување услови за стратегии на национално ниво за адаптација кон климатските промени, со фокус  на животната средина и здравјето;
  • Проследување по новини во одржливото создавање и употреба на обновлива енергија, и за намалување на ризиците по здравје од произведувањето, дистрибуцијата и потрошувачката на енергија; и
  • Фокус на здрави градови резистентни на климатски промени.