Животната средина и здравјето

Животната средина и здравјето

Овој дел на експертизата е поврзан со Европскиот процес за животна средина и здравје на Светската Здравствена Организација (European Environment and Health Process). Ја поддржува имплементацијата на Планот на активности за животна средина и здравје на ЕУ (EU Environment and Health (E&H) Action Plan), и на Декларацијата на четвртата министерска Конференција за животна средина и здравје (Fourth Ministerial Conference on Environment and Health), како и на Планот на активности во животната средина и здравје на децата од Европа (Children’s Environment and Health Action Plan for Europe - CEHAPE), кои беа потпишани во Будимпешта во 2004 год. од страна на 53 земји од европскиот регион на СЗО. РЕЦ исто така беше вклучен во подготовките за Петтата и Шестата министерска конференција за животна средина и здравје, одржана во Италија во 2010 год. и во Острава во 2017 год., и ја поддржува имплементацијата на Декларацијата од Парма за животна средина и здравје како и Декларацијата од Острава.

Целите на РЕЦ во овој дел од експертизата се:

  • Поддржување на соработката помеѓу секторите за животна средина и здравје преку интегрирање на политиката на меѓународно и национално ниво во сите земји корисници на РЕЦ и во Источна Европа, Кавказ и Централна Азија (EECCA регионот);
  • Зајакнување на улогата на предупредувачкиот принцип во јавното здравство и заштита на животната средина, со посебен акцент на иднината на нашите деца;
  • Промовирање на имплементацијата на CEHAPE и Целите за одржлив развој поврзани со здравјето (SDGs) преку активно вклучување во европските процеси и преку ефикасни инструменти и алатки за соработка со многукратни општествени чинители; и
  • Учество на регионално ниво во имплементацијата на CEHAPE, и особено во имплементацијата на Приоритетната цел 3 за намалување и превенција на болестите на дишните патишта заради загадувањето на надворешниот и внатрешен воздух.

Во рамки на овој дел од експертизата, активностите и услугите на РЕЦ вклучуваат:

  • Учество во развојот на европската Политика за животна средина и здравје, со особен акцент на Стратегијата за животна средина и здравје на ЕУ и потребите на земјите од ЈИЕ и EECCA регионот;
  • Имплементација на CEHAPE, обезбедување на платформа за размена на информации и добра пракса помеѓу европските земји и региони, и придонес особено кон имплементацијата на Регионалната Приоритетна Цел 3 на CEHAPE за превенција и намалување на респираторни болести;
  • Постојана проценка на обврската кон Декларациите од Будимпешта, Парма и Острава;
  • Имплементација на Пан-европската Програма за Транспорт, здравје и животна средина (Transport, Health and Environment Pan-European Programme - PEP) преку обезбедување на координација, следење на напредокот и преземање соодветни активности во училиштата во регионот;
  • Преземање активности за климатски промени–поврзани со екстремните временски непогоди кои побаруваат проактивен и мултидисциплинарен пристап во однос на човековото здравје;
  • Оформување услови за стратегии на национално ниво за адаптација кон климатските промени, со фокус  на животната средина и здравјето;
  • Проследување по новини во одржливото создавање и употреба на обновлива енергија, и за намалување на ризиците по здравје од произведувањето, дистрибуцијата и потрошувачката на енергија; и
  • Фокус на здрави градови резистентни на климатски промени.