Образование за одржлив развој

Образование за одржлив развој

Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) директно придонесува кон Глобалниот план на активности за образование за одржлив развој на УНЕСКО 2013 (2013 UNESCO Global Action Plan on Education for Sustainable Development - ESD) и кон стратегијата на Европската комисија на ОН за Европа за ESD, и го овозможува постигнувањето на Целите за одржлив развој на ОН преку изградба на капацитети во однос  на Агендата за одржлив развој на ОН 2030 (UN 2030 Agenda for Sustainable Development).

Обезбедуваме професионални совети за лицата кои донесуваат одлуки за образовната политика; промовираме дијалог и меѓународна соработка помеѓу различните групи на општествени чинители; го шириме знаењето за политиката и алатките на ESD; развиваме иновативни мултимедијални пакети со алатки во онлајн и во печатени формати за употреба во училниците; ги градиме капацитетите на регионалните, национални и локални општествени чинители; и го олеснуваме учеството на јавноста во правењето на политиките.

Нашата работа е признаена на различни меѓународни форуми. На Светската конференција за образование за одржлив развој (2014), едукативниот пакет наречен “Зелен пакет” (Green Pack) беше избран како една од 25 најдобри практики за ESD на глобално ниво. Во извештајот за проценка “10 години стратегија за ESD на UNECE, 2005–2015” регионалната програма “ESD на Западниот Балкан” (која успешно ги интегрираше вештините и вредностите на одржливиот развој во тековните реформи на образованието во регионот) и Зелениот пакет беше истакнат како најдобра пракса. Ние сме исто така еден од клучните партнери во Глобалниот план на активности на УНЕСКО (UNESCO’s Global Action Programme - GAP) за ESD и член на Зона 3 приоритетни активности на GAP (GAP’s Priority Action Area 3), додека директно придонесуваме кон сите други зони на приоритетни активности со нашите едукативни активности. 

Во рамки на овој дел од експертизата, РЕЦ има за цел:

  • Да направи политичка рамка за да ги промовира придобивките од процесот “Животна средина за Европа” и да ја имплементира стратегијата на UNECE за ESD на регионално/локално и национално ниво;
  • Да придонесе за имплементацијата на стратегијата на Европската Комисија за 2012 “Ново образование” (“Rethinking Education”);
  • Да обезбеди поддршка за имплементацијата на стратегијата за Југоисточна Европа 2020 преку овозможување паметен, одржлив и вклучителен пораст преку висококвалитетно образование;
  • Да направи посебни едукативни алатки кои промовираат знаење, вредности и вештини поврзани со одржливиот развој, преку холистички и интердисциплинарен пристап;
  • Да ја зајакне обуката на наставниците преку споделување на искуство и соработка; и
  • Да ја поттикне јавната свесност преку развивање на алатки и кампањи за проблемите со одржливиот развој.

Четирите главни цели поврзани со имплементацијата на Целите за одржлив развој (SDG) се:

  • Да се воведат SDGs на соодветен и разбирлив начин кај различни општествени чинители;
  • Да се изградат капацитетите на сите национални, регионални и локални носители на одлуки;
  • Да се охрабрат регионални и национални активности за имплементација на SDG; и
  • Да се зголеми јавната свест за SDGs употребувајќи различни прилагодени активности.

Помеѓу нашите активности на промовирање на концептот за одржлив развој, РЕЦ е вклучен во:

  • Воспоставување на работни групи за ESD од високо ниво и кои се состојат од владини службеници и национални експерти;
  • Правење истражувања за училишните наставни планови и образовни стандарди со цел да се определат силата, слабостите и потребите поврзани со интеграцијата на вештините и вредности на одржлив развој во формалните наставни планови и развојот на национални планови на активности за ESD кои ги отсликуваат стандардите и препораките на ОН;
  • Адаптирање и надградба на училишните наставни планови врз основа на определените потреби и во смисла на посебните предизвици за ESD во целните земји;
  • Развивање на интердисциплинарни и интерактивни мултимедијални алатки за ESD;
  • Организирање на локални обучи-го-обучувачот обуки проследени со сеопфатни програми за обука на наставници за ESD на национално ниво во целните земји;
  • Поддржување на активности кои ја подигаат свесноста заради промовирање на ESD на национално ниво, вклучувајќи го развивањето на формални и неформални мрежи за ESD од образовни професионалци и наставници; и
  • Поттикнување на претприемништвото и оформување на зелени работни места преку мали програми со грантови за средните училишта.