Зајакнување на граѓанското општество и ангажирање на општествени чинители

Зајакнување на граѓанското општество и ангажирање на општествени чинители

Од своето основање, Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) има за цел да помага при развојот на силно и одржливо граѓанско општество во делот на животната средина. При исполнувањето на оваа цел, РЕЦ се стреми да ја зајакне улогата на здруженијата на граѓани – ЗГ (civil society organisations - CSOs) и да го подобри нивното знаење, вештини, капацитети, инфраструктура и одржливост. Како стратешки партнер за имплементацијата на Конвенцијата за пристап до информации, учество на јавноста во донесувањето на одлуки и пристап до правда кај прашањата од животна средина на UNECE – Архуска Конвенција (UNECE Convention on Access to Information, Public Participation in Decision-making and Access to Justice in Environmental Matters - the Aarhus Convention), ние обезбедуваме законодавна и институционална поддршка, како и поддршка во политиките за општествените чинители во делот на животна средина, и изградба на капацитети за имплементација на Архуската Конвенција и нејзиниот Протокол за Регистри на испуштање и пренос на загадувачи – РИПЗ Протокол (Protocol on Pollutant Release and Transfer Registers - the PRTR Protocol).

РЕЦ има за цел:

  • Да обезбеди проценки, препораки и изградба на капацитети за владини службеници, ЗГ-и и други општествени чинители;
  • Да направи услови за овозможување на дијалог помеѓу многукратни општествени чинители;
  • Да го зајакне учесничкиот пристап и да ги олесни консултациите со јавноста/општествените чинители
  • Да промовира практична имплементација на Архуската Конвенција, други релевантни меѓународни договори, и европското и национално законодавство; и
  • Да помага во подготовките за ратификација на РИПЗ Протоколот и да помогне да се изградат релевантните капацитети на официјалните службеници, оператори и ЗГ-и.

Клучни активности вклучени во овој дел на експертизата се:

  • Поддршка на ЗГ-и преку грантови, изградба на капацитети, вмрежување и програма за одржливост на ЗГ-и;
  • Обука на лидерите од граѓанското општество и зајакнување на соработката помеѓу ЗГ-и, како и помеѓу овластените органи и граѓанското општество, со цел да се зајакне влијанието на ЗГ-и во процесите на донесување на одлуки;
  • Поддржување на учесничките од Архуската Конвенција со цел да постигнат поефикасна имплементација во деловите определени како поголем проблем или потешкотија во Југоисточна Европа (ЈИЕ);
  • Развој и имплементација на програми за изградба на капацитети за официјални службеници и ЗГ-и на локално и регионално ниво во ЈИЕ за да помогнат во интегрирањето на учеството на јавноста во донесувањето на одлуки во деловите на проценка на влијанието врз животната средина (environmental impact assessment - EIA) и стратешка проценка на животната средина (strategic environmental assessment - SEA);
  • Подигнување на свесноста и изградба на капацитетите на судиите, обвинителите, официјални службеници од министерствата и ЗГ-и во врска со имплементацијата на столбот за пристап до правда на Архуската Конвенција, соодветните директиви од ЕУ и националното законодавство, и поттикнување на дијалог за отстранување на бариерите за пристап до правда во ЈИЕ;
  • Поддршка на учесничките од Архуската Конвенција за поефикасна имплементација во деловите определени како поголеми проблеми или потешкотии;
  • Помош на органите за животна средина при воспоставување и работа со системите за РИПЗ во согласност со побарувањата на РИПЗ Протоколот и E-РИПЗ на ЕУ;
  • Поддршка  на подготовките за ратификација на РИПЗ Протоколот и подигнување на свесноста и разбирањето помеѓу операторите и ЗГ-и во врска со нивната улога и одговорности;
  • Интегрирање на побарувањата за учество на јавноста во областите како управување со води и имплементација на Рамковната Директива за води (Water Framework Directive); нуклеарна енергија и други прашања околу енергијата; климатските промени; локалните планови на активности за животната средина (ЛЕАП-и); одржлива потрошувачка и производство; Natura 2000; и управување со отпад;
  • Олеснување на споделувањето на искуства помеѓу земјите членки на ЕУ, ЈИЕ, и земјите на Источна Европа, Кавказ и Централна Азија (EECCA); и
  • Определување на најдобрите практики во партиципативно управување и учество на јавноста во нивната интеграција во секторите за вода, отпад, енергија, транспорт, заштита на природата, климатски промени и одржлива потрошувачка и производство.