Климатски промени и решенија за чиста енергија

Климатски промени и решенија за чиста енергија

Во рамки на овој дел од експертиза, РЕЦ ја поддржува имплементацијата на Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени (United Nations Framework Convention on Climate Change - UNFCCC) и Парискиот Договор. Придонесува кон регионалните, национални и локални напори за развој и имплементација на стратегии за ниска емисија како и кон изградбата на отпорност на климатските промени.

РЕЦ обезбедува податоци со одличен квалитет за лицата кои донесуваат одлуки; промовира дијалог и меѓународна соработка помеѓу различните групи на општествени чинители; шири знаење за ниска емисија на јаглерод; ги гради капацитетите на националните и локални општествени чинители; го олеснува активното учество на јавноста во правењето на политиките. 

РЕЦ има за цел да изгради знаење и капацитети на националните и локални општествени чинители во регионот, овозможувајќи им да ги решаваат предизвиците во однос на климатските промени и одржлива енергија. 

Тимот на РЕЦ се стреми кон:

  • Обезбедување на податоци со одличен квалитет за донесување на одлуки врз основа на докази;
  • Креирање и имплементација на ефикасна и ефективна изградба на капацитети како и иницијативи за споделба на знаење;
  • Поддржување на развојот и имплементацијата на економични стратегии за ниска емисија во различните сектори на економијата;
  • Поддржување на развојот и имплементацијата на активностите за адаптација и изградба на отпорност кон климатските промени;
  • Придонес кон правењето на меѓународните климатски политики преку Активностите на UNFCCC за подобрување на климата; и
  • Промовирање на регионална и меѓународна соработка при решавањето на предизвиците за подобрување и адаптација кон климатските промени. 

РЕЦ го гради знаењето и капацитетите на регионалните општествени чинители преку:

  • Проценка на потребите за изградба на капацитети и развој на програми за обука;
  • Извршување на длабински проценки на теми како потенцијал за подобрување, бенефициите и трошоците за политиките и мерките, како и чувствителноста на климатските промени;
  • Имплементација на почетни и проекти за прикажување;
  • Имплементација на ефикасни програми за изградба на капацитети и споделување на знаење;
  • Изградба на мрежи на експерти, јавни органи, академици, НВО-и и други општествени чинители;
  • Организација  на работилници, конференции, вебинари и студиски посети;
  • Поддршка за вклучувањето на општествените чинители и на јавноста во донесувањето на одлуките; и
  • Креирање и развој на посебни веб-страни како и употреба на социјалните мрежи за навремено информирање на јавноста.